ПОЧИНА АКТЕРОТ МИТКО АПОСТОЛОВСКИ

    ПОЧИНА АКТЕРОТ МИТКО АПОСТОЛОВСКИАпостоловски беше актер во Битолскиот театар. (Фото: НТБ)

    Почина актерот Митко Апостоловски, објави Народниот театар во Битола(НТБ)  чиј што член беше тој. Имаше 67 години.

    „Денеска не напушти доајенот на македонското глумиште, долгогодишниот член на НТБ, актерот со единствен стас и глас Митко С. Апостоловски. Неговата исклучителна харизма со која пленеше од сцената уште долго ќе ја паметиме“, објави Битолски театар.

    Апостоловски дипломирал на Отсек за драмски глумци на Вишата музичка школа во Скопје, потоа една година работел во Народниот театар во Битола и 15 години во Наридниот театар во Куманово, а од 1995 пак во Битолскиот театар.
    Меѓу бројните улоги в театар, ТВ и на филм се и во филмовите „Големата вода“, „Трето полувреме“, „Година на мајмунот“ „Јас сум од Титов Велес“, „До балчак“ и други.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира