СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ЌЕ ИМА НАСКОРО, ГОДИНАВА МАЛКУ СЕ ДОЦНИ ОТИ ОДЛУКАТА СЕ ДОРАБОТУВАШЕ, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕ

    СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ЌЕ ИМА НАСКОРО, ГОДИНАВА МАЛКУ СЕ ДОЦНИ ОТИ ОДЛУКАТА СЕ ДОРАБОТУВАШЕ, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕВеќе е август, а оглас сè уште нема, иако на почетокот на годинава беше најавено дека субвенции ќе има. (Фото: СДК.МК)

    Град Скопје годинава уште не додели субвенции за велосипеди и тротинети. Со години, огласот се распишуваше во април или мај односно напролет кога најчесто  се купуваат точаци. Веќе е август, а оглас сè уште нема, иако на почетокот на годинава беше најавено дека субвенции ќе има.

    Од Град Скопје објаснуваат дека субвенции за велосипеди и тротинети ќе има наскоро, а се доцни бидејќи одлуката се доработува.

    „Поминати се на седница одлуките за доделување на субвенции за велосипеди и тротинети. Се подготвува јавниот повик и очекуваме за брзо време да биде објавен. Малку се доцни затоа што првпат кога беше ставена точката на седница имаше забелешки од советниците, па ја повлековме за да се доработи“, велат од Град Скопје.

    Во буџетот на Град Скопје се предвидени 15 милиони денари за субвенции за точаци и тротинети.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира