Почина американската актерката и режисерка Ен Хеч, која не се освести по тешките повреди во сообраќајната несреќа на 5 август. 53-годишната актера, која глумеше во филмови како „Дони Браско“, „Женска борба“ и римејкот на „Психо“, денеска беше исклучена од апаратите, потврди нејзиното семејство за вебсајтот Ти-Ем-Зи.
Хеч минатиот петок доби тешки изгореници откако удри со колата во една гаражата во Калифорнија, при што настана пожар. По неколку дена падна во кома, а семејството денеска објави дека и престанале мозочните функции, а одлуката да се исклучи од апаратите се одложуваше поради донирање органи.