АМБАСАДОРКАТА БРНЗ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГАНИУ ГО ПРОМОВИРАА ПЛОШТАДОТ ВУДРО ВИЛСОН ПРЕД ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА ВО ЧАИР

    АМБАСАДОРКАТА БРНЗ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГАНИУ ГО ПРОМОВИРАА ПЛОШТАДОТ ВУДРО ВИЛСОН ПРЕД ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА ВО ЧАИРПред општинската зграда во Чаир е поставена биста на 28. претседател на САД Вудро Вилсон. (Фото: Амбасада на САД)

    Американската амбасадорка Кејт Брнз и градоначалникот на скопската општина Чаир Висар Ганиу денеска го промовираа плоштадот Вудро Вилсон, соопшти Општина Чаир.

    Плоштадот е именуван по 28. претседател на САД, откако пред три години, Општина Чаир се збратими со градот Стаунтон, родното место на Вилсон, една од најславните личности на американската политика, кој се бореше за еднаквост на малите народи не само на Балканот.

    По збратимувањето следуваше поставувањето на бистата на американскиот претседател во општина Чаир, која беше заокружена со изградбата на Плоштадот Вудро Вилсон пред општинскиот административен објект.

    Овој плоштад, поплочен со природен гранит, се состои од амфитеатар со 80 седишта, сцена и фонтана.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира