Министерството за култура ќе го преземе функционирањето на „Мал битолски Монмартр“, откако Министерството за образование одлучи дека по 4О години ќе го стопира финансирањето за Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” во Битола кое ја организира оваа популарна манифестација.
„И понатаму ќе течат нивните активности, така што учениците од 5 до 2О-годишна возраст бесплатно ликовно ќе продолжат да се едуцирааат и да го развиваат својот талент во нашите простории, но и низ детските ликовни колонии од Хонгконг па до Португалија“, соопшти Министерството за култура.
Изминатите шест месеци учениците од Детското ликовно студио учествуваа на 1О светски детски ликовни конкурси и пет светски детски ликовни колонии на кои освоиле над 85 награди.