ЗЛАТНА КАМЕРА 300 ЗА РУБЕНС ИМПЕНС, СНИМАТЕЛОТ НА „ОСУМ ПЛАНИНИ“

    ЗЛАТНА КАМЕРА 300 ЗА РУБЕНС ИМПЕНС, СНИМАТЕЛОТ НА „ОСУМ ПЛАНИНИ“Рубен Импенс ја освои највисоката награда на фстивалот за белгискиот „Осум планини“. (Фото: ИФФК Браќа Манаки)

    Златната Камера 300  на фестивалот „Браќа Манаки“ ја освои Рубен Импенс за филмот „Осум планини“ , „за компонирањето на моќна и трогателна приказна што го одзема здивот, во која воодушевувачки се испреплетуваат планинските пејзажи и човечката осаменост во хармонија со природата, мајсторски снимени во тешки услови што ја стаписуваат публиката“, како што  кажа на затворањето синоќа претседателот на жирито Жан Мари Дружу.

    За извонредно нијансираниот и сликовит приказ на животот во Неапол, „прецизното и доследно кадрирање во ова прекрасно љубовно писмо до Фелини со автобиографски прикази“, Сребрената Камера 300  ја освои Дариа Д’ Антонио за „Божјата рака“.

    Бронзена Камера 300 доби Хидетоши Шиномија за „Вози ја мојата кола“, „за суптилната, но цврста камера која поетично ги

    Џон Метисон доби Златната Камера 300 за особен придонес во филмската уметност. (Фото: ИФФК Браќа Манаки)

    пренесува трогателните човечки приказни за нежноста кои универзално одекнуваат“.

    Џон Метисон,  директор на фотографија на редица антологиски филмови меѓу кои и „Гладијатор“, „Фантомот од операта“, „Кралот Артур“, „Робин Худ“, „Ханибал“, „Скајфол“, добитник на БАФТА, на британското друштво на кинематографери, две номинации за Оскар, ја доби Златната Камера 300 за особен придонес во филмската уметност, а му ја врачи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

    фестивалот затвори со „Снежана на крајот умира“, дебито на Кристијан Ристески. (Фото: ИФФК Браќа Манаки)

    „Воодушевен сум што сум овде бидејќи ова е едно од местата каде соодветно се чествува нашата работа, а вие од фестивалот „Браќа Манаки“ навистина успевате да го направите онака како што доликува. Успевате да не промовирате нас како кинематографери и нас како филмска камера како нешто што заслужува многу голема важност. Луѓето понекогаш не сфаќаат колку е тешко страници и страници црно бел текст да се преточат во визуелен јазик. Зошто ова не е обид да се зачува јазикот на некоја одредена група, визуелниот јазик секој го разбира. Кога снимале браќата Манаки имало само слики, а сликите сите ги разбираат“, рече Метисон.

    По доделувањето на наградите фестивалот затвори со „Снежана на крајот умира“, дебито на Кристијан Ристески.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира