ТРИДНЕВНА ЖАЛОСТ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ПОРАДИ СМРТТА НА 13-ГОДИШНИК ВО СООБРАЌАЈКА, ОТКАЖАНИ СИТЕ НАСТАНИ ОД ПРОСЛАВАТА НА ДЕНОТ НА РУДАРИТЕ И КУЛТУРНОТО ЛЕТО

    ТРИДНЕВНА ЖАЛОСТ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ПОРАДИ СМРТТА НА 13-ГОДИШНИК ВО СООБРАЌАЈКА, ОТКАЖАНИ СИТЕ НАСТАНИ ОД ПРОСЛАВАТА НА ДЕНОТ НА РУДАРИТЕ И КУЛТУРНОТО ЛЕТОТридневна жалост во Македонска Каменица прогласи градоначалникот Димчо Атанасов. (архивска фотографија)

    Општина Македонска Камeница прогласи тридневна жалост поради смртта на 13-годишно момче од овој град кое загина во сообраќајна несреќа. Тракторот во кој било момчето се превртел и на самото место момчето починало, додека возачот со телесни повреди е хоспитализиран во Клиничката болница во Штип .

    Поради тридневната жалост во Македонска Каменица што ја прогласи градоначалникот Димчо Атанасов се откажани сите културн и други јавни настани како што се содржините во рамките на Каменичкото културно лето и прославата на Денот на рударите 28 август.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира