ПОЧИНА „ЧОВЕКОТ ОД ДУПКА“, ПОСЛЕДНИОТ ЧЛЕН НА ИЗОЛИРАНА БРАЗИЛСКА ДОМОРОДНА ГРУПА

    ПОЧИНА „ЧОВЕКОТ ОД ДУПКА“, ПОСЛЕДНИОТ ЧЛЕН НА ИЗОЛИРАНА БРАЗИЛСКА ДОМОРОДНА ГРУПА„Човекот од дупка“ последен пат бил виден во 2018 (Фото: Фунаи)

    Почина последниот преживеан припадник на изолирана домородна група во Бразил, потврдија официјални лица. Мажот, чие име не беше познато, живееше во тотална изолација во изминатите 26 години.

    Тој беше познат како „Човекот од дупка“ зашто копаше длабоки дупки, од кои некои служеа како стапици за животни, а други како засолниште. Неговото тело беше пронајдено на 23 август пред неговата сламена колиба, при што не биле откриени траги на насилство.

    Тој беше последниот член на домородната група чии останати шестмина припадници беа убиени во 1995. Групата живееше во домородна област близу границата со Боливија. Се верува дека мнозинството од племето било убиено во 1970-ите од ранчери кои сакале да ја прошират својата земја.

    Се проценува дека „Човекот од дупка“ бил во свои 60-ти години. Заради неговата безбедност, тој од 1996 бил набљудуван од бразилската агенција за домородни работи Фунаи, но одбиваше секаков контакт со луѓето. Во 2018, агенти на Фунаи успеале да го снимат мажот кога случајно налетале на него во џунглата и тоа беше последен пат да биде виден.

    Според бразилскиот устав, домородните луѓе имаат право на нивната традиционална земја, па затоа често се жртви на насилство. Се проценува дека во Бразил има околу 240 домородни племиња.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира