Владимир Путин нема да присуствува на погребот на последниот советски лидер Михаил Горбачов, потврди Кремљ. Портпаролот Дмитри Песков изјави дека работниот распоред го спречува Путин да дојде на погребот в сабота, додавајќи дека денеска му одал почит на Горбачов во болницата во која што почина во вторникот на 91 година.
Реформите на Горбачов помогнаа да се стави крај на Студената војна, но истовремено доведоа до растурање на Советскиот Сојуз, што Путин никогаш не го прежалил. Во 2005, Путин изјави дека распадот на СССР била најголемата геополитичка катастрофа на 20. век.
Со недоаѓањето на погребот, Путин нема да му оддаде целосна државна почит на Горбачов, како што беше во случајот со Борис Елцин.
Горбачов ќе биде испратен в сабота на јавна церемонија во Халата на столбовите во Москва, пред да биде погребан покрај својата сопруга Раиса.