ВО ГРЕЈНА СЕЗОНА ЈАВНИОТ СЕКТОР ДА РАБОТИ ОД 9 ДО 15 ЧАСОТ ЗА ДА СЕ ЗАШТЕДИ СТРУЈА, ПРЕДЛАГА КОНФЕДЕРАЦИЈАТА НА СЛОБОДНИ СИНДИКАТИ

    ВО ГРЕЈНА СЕЗОНА ЈАВНИОТ СЕКТОР ДА РАБОТИ ОД 9 ДО 15 ЧАСОТ ЗА ДА СЕ ЗАШТЕДИ СТРУЈА, ПРЕДЛАГА КОНФЕДЕРАЦИЈАТА НА СЛОБОДНИ СИНДИКАТИOд 9 до 3 има целосна светлина и тогаш е најтопло во денот, велат од КСС. (Фото: СДК.МК)

    Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска предложи јавниот сектор да работи со скратено работнo време од 9 до 15 часот за да се заштеди електрична енергија. Оттаму велат дека во тој период е најтопло и има целосна дневна светлина, а заштедената енергија да се даде на бизнис секторот и на јавните комунални претпријатија.

    „Еве ние препорачуваме при почетокот на грејната сезона јавниот сектор да работи од 9 до 3 кога има целосна светлина и кога е најтопло во денот и таа енергија што ќе се заштеди од јавните претпријатија и од јавните институции да се даде како помош на бизнис секторот и на јавните комунални претпријатија за да не трпиме големи ценовни шокови“, велат од КСС.

    Од КСС додаваат дека со рационализација јавниот сектор може да работи со скратено работно време од два часа со што ќе се заштедат големи количини електрична енергија, а од друга страна, може да се направат дежурни тимови кои ќе ги сервисираат неопходните дејности во текот на еден ден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира