ЕДЕН ОД БРАЌАТА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ВЧЕРАШНОТО МАСОВНО УБИСТВО ВО КАНАДА ПРОНАЈДЕН МРТОВ

    ЕДЕН ОД БРАЌАТА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ВЧЕРАШНОТО МАСОВНО УБИСТВО ВО КАНАДА ПРОНАЈДЕН МРТОВВо нападот се убиени десет, а ранети 18 лица (Фото: АП)

    Канадската полиција објави дека го пронашла телото на еден од двајцата браќа осомничени за вчерашното масовно убиство во провинцијата Саскачеван, кога се убиени десет лица. Триесет и едногодишниот Демиен Сандерсон имал повреди на телото, но не изгледа дека самиот си ги нанесол, кажа полицијата.

    Тој бил пронајден во домородната заедница Џејмс Смит Кри Нејшн, каде што живеел најголем дел од жртвите на нападот со нож, во кој се ранети уште 18 луѓе.

    Полицијата кажа дека вториот осомничен Мајлс Сандерсон и натаму е во бегство и е опасен. Тој за последен пат бил виден во Реџина, главниот град на Саскачеван. Потрагата е проширена и на соседните провинции Алберта и Манитоба.

    Бруталниот напад во Саскачеван, чиј мотив не е познат, е опишан како еден од најсмртоносните во историјата на Канада, при што жртвите се пронајдени на 13 различни локации.

    Телото на Сандерсон е пронајдено надвор, во област со голема трева. Тој имал видливи рани на телото, но не веруваме дека самиот си ги нанесол“, изјави заменик-комесарката на полицијата Ронда Блекмор, предупредувајќи дека и вториот осомничен можеби е ранет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира