ЗЕЛЕНСКИ ОБЈАВИ ДЕКА УКРАИНСКИТЕ СИЛИ ОСЛОБОДИЛЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ ХАРКИВ

    ЗЕЛЕНСКИ ОБЈАВИ ДЕКА УКРАИНСКИТЕ СИЛИ ОСЛОБОДИЛЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ ХАРКИВУкраинските сили се во офанзива североисточно од Харкив, кон источниот регион Доњецк (Фото: Гети)

    Володимир Зеленски објави дека украинските сили ослободиле неколку населени места претходно освоени од Русија. Ова следува по неколку дена шпекулации за можен напредок на украинската војска во источниот харкивски регион.

    Зеленски не откри кои места се ослободени, додавајќи дека сега не е време да се кажуваат имиња. И американски функционери потврдуваат дека Украина бележи бавен, но значаен напредок против руските сили.

    Имаме добри вести за успехот на украинските трупи. Мислам дека секој граѓанин треба да биде горд на нашата војска“, изјави Зеленски.

    Откако ја почна противофанзивата на истокот и југот, Киев споделува малку информации за резултатите. Украинските сили се во офанзива североисточно од Харкив, кон источниот регион Доњецк, кој делумно е под контрола на Русија. Некои извештаи велат дека тие се наоѓаат само десетици километри од стратешки важниот град Изјум, кој има битна улога во снабдувањето на руските сили.

    Украинските сили моментално остваруваат подобри резултати од руските во некои области. Офанзивата е во рана фаза. Украинците бележат бавен, но значаен напредок“, изјави Колин Кал, потсекретарот за одбранбена политика во Пентагон.

    Украина вчера за првпат ја призна одговорноста за неодамнешните експлозии на анектираниот полуостров Крим, додавајќи дека тие биле резултат на серија воздушни напади.

    Украинските ракети нападнаа бројни руски воени цели на Крим, вклучувајќи ја базата Саки на 9 август, кога беа онеспособени десет борбени авиони“, изјави шефот на генералштабот на украинската војска Валери Залужни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира