ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ТЕТОВО БИЛАЛ КАСАМИ Ѝ СЕ ПОЖАЛИЛ НА АМБАСАДОРКАТА НА ХРВАТСКА ДЕКА ДУИ МУ ПРАВИ ОПСТРУКЦИИ

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ТЕТОВО БИЛАЛ КАСАМИ Ѝ СЕ ПОЖАЛИЛ НА АМБАСАДОРКАТА НА ХРВАТСКА ДЕКА ДУИ МУ ПРАВИ ОПСТРУКЦИИОд средбата на градоначалникот Касами со хрватската амбасадорка Нивес Тигањ. (Фото:СДК.МК)

    Градоначалникот на Тетово Билал Касами оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска во Македонија Нивес Тигањ на која разговарале за актуелната политичка состојба и можностите за соработка на Општина Тетово со Хрватска.

    На средбата Касами ја запознал амбасадорката со новиот состав на советот на општината, но воедно ѝ се пожалил дека ДУИ му прави опструкции и вршел притисок врз општинската администрација. За средбата со амбасадорката и за разговорите со неа Касами објави на својот официјален фејсбук профил.

    „На средбата разговаравме за многу важни теми, за актуелната политичка состојба како и за изборот на советот на општината. Ја информирав амбасадорката и за работата што нé очекува како општина. Соработката и координацијата со меѓународната заедница е важна и за градот и за европскиот па државата. Ја информирав амбасадорката и за притисокот што ДУИ го врши врз локалната власт, особено по поразот на изборите за совет. На средбата стана збор и за можната соработка со опозицијата, како и за хрватско-албанските односи и за можноста за продлабочување на билатералната соработка“, напиша Касами.

    Касами исто така објави дека деновиве престојувал во посета на Данска, каде имал средба со нашите иселеници.

    „Многу состаноци, меѓу нив и со активисти од албанската кауза, успешни бизнисмени и истакнати личности, како и со дански институции со цел да се направи најдоброто за нашето Тетово и нашите граѓани. Имигрантите се наш столб на нашата економија. Неформалните состаноци со нив во различни центри, клубови и работни места беа солидни, но исто така корисни за внимателно слушање на проблемите со кои се соочуваат“, објави Касами.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира