УЛИЧНИТЕ КУЧИЊА ВО БИТОЛА ЌЕ ГИ ЗАЛОВУВА ФИРМА СÈ ДО ОТВОРАЊЕТО НА ПРИФАТИЛИШТЕТО КОЕ СЕ ПОДГОТВУВА

    УЛИЧНИТЕ КУЧИЊА ВО БИТОЛА ЌЕ ГИ ЗАЛОВУВА ФИРМА СÈ ДО ОТВОРАЊЕТО НА ПРИФАТИЛИШТЕТО КОЕ СЕ ПОДГОТВУВАНовото прифатилиште за бездомни животни ќе се вика „Хаџико“ по најверното куче на светот (Фото: СДК.МК)

    Јавното претпријатие „Комуналец“ со одлука на Советот ги отстапи возилото и опремата за заловување бездомни животни на Општина Битола без надомест. Уличните кучиња кои се намножија низ Битола во следните месеци ќе ги заловува фирма сè додека не проработи прифатилиштето кое ќе биде сместено кај старата ветеринарна станица кај Земјоделското училиште и кое се подготвува.

    Во тек е постапка за јавна набавка со цел избор на фирма која има лиценца за заловување бездомни животни. Додека не биде завршен стационарот, ќе има компанија која ќе врши заловување. Се изведуваат подготвителни активности со цел до крајот на оваа година да се изгради дел од тоа прифатилиште и потоа да се добие согласност од Агенцијата за храна и ветеринарство“, рече Бојан Бојкоски, заменик-градоначалник и коордиднатор на советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

    На денешната седница, советници од СДСМ рекоа дека мора под итно да се преземат мерки зашто во билтенот на МВР секој ден има по некој каснат граѓанин, меѓу кои е и една советничка.

    Општина Битола е преплавена од кучиња скитници. Треба јавно да се каже колкав е бројот на граѓани кои пријавиле каснување, штета или какво било вознемирување од куче и колку финансиски биле обесштетени. И колешпката Наумовска беше касната пред два-три дена од куче скитниик“, рече советничката Мирјана Захариевска-Ралевска од СДСМ.

    Претседателката на Советот, Габриела Илиевска од Поинаку, рече дека по 30 години Битола ќе добие прифатилиште за бездомни животни кое ќе го носи името Хаџико по најверното куче на светот, кое 10 години го чекало својот сопственик.

    Досега ниедна локална власт не покренала иницијатива за решавање на проблемот со бездомни животни. По сите политички игри, хистерија и лаги, денес можеме со гордост да кажеме дека по 10 месеци имаме локација, проект, дозвола за градба, целосно завршена подготовка за приклуоци за водовод и канализација, нарачани боксови и обезбедени средства“, рече Илиевска.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира