„ШАНСА ЗА ЦЕНТАР“ НАПРАВИ МАПА КАДЕ СЕ ГРАДИ ВО ЦЕНТАР, ОПШТИНАТА НЕ САКА ДА ИМ ДАВА ПОДАТОЦИ

    „ШАНСА ЗА ЦЕНТАР“ НАПРАВИ МАПА КАДЕ СЕ ГРАДИ ВО ЦЕНТАР, ОПШТИНАТА НЕ САКА ДА ИМ ДАВА ПОДАТОЦИОд граѓанската иницијатива велат дека со ваквата алатка граѓаните на време ќе дознаат што се планира да се гради и ќе имаат време да реагираат и така ќе можеме да се намалиме ризикот од корупција. - Згради во изградба во Капиштец (Фото: СДК.МК)

    Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар” изработи мапа каде во Центар се гради, односно издадена е градежна дозвола. На мапата не се ставени сите локации каде се гради некој објект бидејќи Општина Центар не им ги дава податоците.

    „Уште кога ‘Шанса за Центар’ ги доби мандатите во Советот на Општина Центар, побаравме да се направи мапа на издадени и побарани градежни дозволи. Арно ама, општинската администрација е зафатена со попаметни работи и немаше време ни да ни одговори, а камо ли да ја изработи. Бидејќи ние немавме попаметна работа, се фативме за мотика и ја направивме сами! Ни требаа неколку месеци, ама успеавме. Кога поднесовме амандман со барање да се објават овие податоци, ни го одбија. Наводно, требало да се провери дали овие податоци смеат да бидат јавно објавени. Ние најдовме дека дел од податоците за градежните дозволи се објавени во Службените гласници на интернет страницата на Општина Центар. Тие локации ги ставивме на мапа”, велат од „Шанса за Центар.

    Од граѓанската иницијатива велат дека со ваквата алатка граѓаните на време ќе дознаат што се планира да се гради и ќе имаат време да реагираат и така ќе можеме да се намалиме ризикот од корупција. Ако постои ваков систем, лесно ќе се забележува и ако некој гради диво.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира