РУСИЈА ОСЛОБОДИ КОМАНДИРИ НА АЗОВСКИОТ БАТАЛЈОН ВО НЕОЧЕКУВАНА РАЗМЕНА НА ЗАРОБЕНИЦИ

    РУСИЈА ОСЛОБОДИ КОМАНДИРИ НА АЗОВСКИОТ БАТАЛЈОН ВО НЕОЧЕКУВАНА РАЗМЕНА НА ЗАРОБЕНИЦИМеѓу ослободените е и еден од командирите на Азов, Свјатослав Паламар (Фото: АП)

    Командири и припадници на контроверзниот Азовски баталјон, кој го бранеше Мариупол, се ослободени во најголемата размена на заробеници од почетокот на војната во Украина, која била тајно договорена со посредство на Саудиска Арабија и Турција.

    Претседателот Володимир Зеленски потврди дека се ослободени 225 украински и странски државјани, од кои многумина се војници и офицери кои се соочувале со смртна казна на окупираните територии. Меѓу нив се и заповедникот на Азов, Денис Прокопенко и неговиот заменик Свјатослав Паламар, кои комуницираа со светот за време на опсадата на челичарницата „Азовстал“.

    Највисокиот руски суд неодамна го прогласи Азовскиот баталјон за терористичка организација. Над 2.000 негови припадници се предадоа по завршувањето на борбите во Мариупол во средина на мај.

    Во замена, Русија доби 55 војници и прорускиот украински политичар и олигарх Виктор Медведчук, близок соработник на Путин, кого Киев го обвини за предавство. Украинските власти кажаа дека 200 Украинци биле разменети за 68-годишниот Медведчук, кој беше уапсен во април откако избега од куќен притвор. Се верува дека Путин е кум на неговата најмлада ќерка.

    Не е штета што го дадовме Медведчук за вистински воини“, изјави Зеленски.

    Во Ријад синоќа пристигнаа десеттемина ослободени странци кои се бореле на страната на Украина, од кои петмина Британци и двајца Американци.

    Саудиска Арабија досега не се истакнуваше околу војната во Украина. Таа важи за стратешки сојузник на САД, но исто така не ги осуди акциите на Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира