ЈАНА ЈАКИМОВСКА УТРЕ ВО МСУ ЈА ОТВОРА ИЗЛОЖБАТА „ТЕЛЕСНИ РЕТРОСПЕКТИВИ“

    ЈАНА ЈАКИМОВСКА УТРЕ ВО МСУ ЈА ОТВОРА ИЗЛОЖБАТА „ТЕЛЕСНИ РЕТРОСПЕКТИВИ“Изложбата опфаќа дела од повеќе периоди од творештвото на Јакимовска

    Изложбата „Ретро: телесни ретроспективи“ на уметницата Јана Јакимовскa ќе се отвори утре во 20 часот во Музејот на современата уметност во Скопје. Изложбата има мултимедијален карактер и опфаќа дела од повеќе периоди од нејзиното творештво.

    Ова е 21. самостојна изложба на Јакимовска и ќе биде отворена до 5 октомври.

    „Во фокусот на изложбата е телото, но како метафора за човечкото, профаното, нелагодното: телото старее, се дебелее, копулира, раѓа, крвави. Каде е границата меѓу мене и моето тело? Што е јас, а што телото? ‘Ретро’ не претендира да биде ретроспективна изложба, бидејќи не е. Таа само рециклира и реконтекстуализира некои веќе видени концепти, во обид да одговори на овие прашања“, вели Јакимовска во најавата на изложбата

    Јана Јакимовска е родена во 1981 во Скопје. Дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Имала самостојни изложби во Берлин, Њујорк, Белград, Приштина, Скопје, Гевгелија, Куманово и Штип и учествувала на преку 80 други изложби. Вонреден професор е на Ликовната академија во Штип.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира