НАЈМАЛКУ ДЕВЕТМИНА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО РУСКИОТ ГРАД ИЖЕВСК

    НАЈМАЛКУ ДЕВЕТМИНА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО РУСКИОТ ГРАД ИЖЕВСКНапаѓачот се самоубил на самото место, а мотивот не е познат (Фото: ТАСС)

    Најмалку девет луѓе се убиени, од кои пет деца, во пукање во училиште во рускиот град Ижевск. Напаѓачот наводно се самоубил на самото место, а мотивот не е познат.

    Меѓу загинатите се и двајца наставници и двајца припадници на обезбедувањето.

    Еден локален политичар изјави дека напаѓачот бил вооружен со два пиштола, додека руската новинска агенција ТАСС објави дека носел маица со нацистички симбол.

    Училиштето се наоѓа во центарот на Ижевск, главниот град на Република Удмуртија и блиску до владини згради.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира