Владимир Путин денеска му додели руско државјанство на бившиот американски разузнавач Едвард Сноуден, девет години откако тој обелодени серија тајни набљудувачки операции на Националната безбедносна агенција на САД.
Триесет и деветгодишниот Сноуден избега од САД и доби азил во Русија по објавувањето на доверливи документи во 2013. Американските власти оттогаш бараа негова екстрадиција со цел да се соочи со обвиненија за шпионажа.
Сноуден, кој ретко се појавуваше во јавност откако дојде во Русија, е еден од 72 лица родени во странство кои добија руско државјанство со посебен указ на Путин.
„Дали Сноуден сега ќе биде регрутиран?“, се пошегува уредничката на руската државна телевизија РТ, Маргарита Симоњан.
Во 2017, Путин изјави дека Сноуден згрешил што открил американски тајни, но не го смета за предавник.