АНЏЕЛА АГЕЛЕР ДАДЕ ЗАКЛЕТВА КАКО НОВА АМЕРИКАНСКА АМБАСАДОРКА ВО СКОПЈЕ

    АНЏЕЛА АГЕЛЕР ДАДЕ ЗАКЛЕТВА КАКО НОВА АМЕРИКАНСКА АМБАСАДОРКА ВО СКОПЈЕАгелер доаѓа на местото на Кејт Мари Брнз, која беше назначена за амбасадорка во Скопје во мај 2019 година. (Фото: Американска амбасада)

    На церемонија во американскиот Стејт Департмент, Анџела Агелер даде заклетва како нов американски амбасадор во Република Северна Македонија, соопшти Американската амбасада во Скопје.

    Агелер, која е дипломатка од кариера, досега беше в.д. амбасадорка и заменичка на амбасадорот во Исламабад, Пакистан. Претходно има работено на разни функции во Стејт Департментот и во амбасадите во Париз, Ханој, Њу Делхи и Будимпешта, како и во амбасадата во Скопје, задолжена за односи со јавноста.

    Нејзиниот мандат беше во времето на амбасадорите Филип Рикер и Пол Волерс, 2011-2014, период кога Македонија бележеше константен пад на медиумските слободи и демократските процеси. Таа презеде низа активности против негативните процеси поттикнати од затворањето на телевизијата А1 и промената на сопствеништвото на МПМ од германско во македонско, како и несигурноста во новинарската средина поттикната од сообраќајната несреќа во која загина основачот на „Фокус“, Никола Младенов. Како американски дипломат во Скопје Агелер беше гласна во одбрана на слободата на медиумите, како и заштита на граѓанските права и слободи што тогаш беа задушувани од власта на Никола Груевски. Беше еден од иницијаторите за првата ЛГБТ Парада на гордоста во Македонија.

    Дипломирала на Универзитетот во Јута, а покрај англиски, зборува француски, македонски и хинди. Таа доаѓа на местото на Кејт Мари Брнз, која беше назначена за амбасадорка во Скопје во мај 2019 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира