ПО ПЕТ ДЕНА ПРЕТРАГА ПРОНАЈДЕНО Е БЕЗЖИВОТНОТО ТЕЛОТО НА КУМАНОВЕЦОТ КОЈ СО АВТОМОБИЛОТ ИЗЛЕТА ВО ВАРДАР

    ПО ПЕТ ДЕНА ПРЕТРАГА ПРОНАЈДЕНО Е БЕЗЖИВОТНОТО ТЕЛОТО НА КУМАНОВЕЦОТ КОЈ СО АВТОМОБИЛОТ ИЗЛЕТА ВО ВАРДАРОд тетовската полиција потврдија дека е најдено тело во реката Вардар, но соопштуваат дека сé уште не е извршена официјалната идентификација. (архивска фотографија)

    Градоначалникот на Општина Желино Блерим Сејдиу објави преку социјалните мрежи дека утринава во реката Вардар е најдено телото на 22-годишниот Ердон Рамадани од Куманово, кој на 27 септември со автомобилот излета од автопатот Тетово-Скопје и падна во Вардар. По телото на Рамадани се трагаше пет денови, а во потрагата беа вклучени специјални единици на МВР, ДЗС и пожарникарите од Тетово.

    „Најден е младиот кумановец, во реката Вардар. Благодарност до сите спасувачки екипи кои придонесоа во текот на сите овие денови. Длабоко сочувство до семејството“, објави градоначалникот Сејдуи.

    Од тетовската полиција потврдија дека е најдено тело во реката Вардар, но соопштуваат дека сé уште не е извршена официјалната идентификација.

    „Во 10:40 пронајдено е безживотно тело на машко лице во непосредна близина на касарната Еребино, до вториот бетонски мост. Телото наскоро треба да се извлече од водите и да се изврши официјална идентификација. Повикан е лекар од Судска медицина и јавен обвинител“, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

    З. АНДОНОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира