БОЛСОНАРО ПРОТИВ ЛУЛА ВО ВТОРИОТ КРУГ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО БРАЗИЛ

    БОЛСОНАРО ПРОТИВ ЛУЛА ВО ВТОРИОТ КРУГ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО БРАЗИЛБразилците повторно ќе излезат да гласаат за четири недели (Фото: Гети)

    Претседателските избори во Бразил ќе бидат решени во вториот круг, во кој ќе се соочат Жаир Болсонаро и Луиз Инасио Лула да Силва. По речиси сите избројани гласови, Лула освои 48%, а Болсонаро 43%, додека прагот за победа во првиот круг беше 50%. Изборните резултати покажуваат далеку поголема неизвесност од она што го предвидуваа анкетите.

    Бразилците повторно ќе излезат да гласаат за четири недели.

    Ова е значаен политички камбек на Лула, кој не можеше да се кандидира на изборите пред четири години зашто беше во затвор поради корупција, додека Болсонаро исто така може да биде задоволен со резултатот од првиот круг откако анкетите му предвидуваа голем заостаток зад Лула.

    Лула и Болсонаро се стари ривали и добар дел од кампањата искористија за да се навредуваат меѓусебно. На последната ТВ-дебата, Лула го опиша Болсонаро како лудак.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира