РУСКАТА ДУМА ЈА ОДОБРИ АНЕКСИЈАТА НА ЧЕТИРИТЕ УКРАИНСКИ РЕГИОНИ, НИКОЈ НЕ ГЛАСАЛ ПРОТИВ

    РУСКАТА ДУМА ЈА ОДОБРИ АНЕКСИЈАТА НА ЧЕТИРИТЕ УКРАИНСКИ РЕГИОНИ, НИКОЈ НЕ ГЛАСАЛ ПРОТИВАнексијата беше проследена со концерт на Црвениот плоштад во петокот (Фото: Гети)

    Долниот дом на рускиот парламент ги усвои законите за анексија на четири украински региони, три дена откако Владимир Путин ја одобри на свеченоста во Кремљ. Никој од пратениците во Дума не гласал против.

    „Одлуката е донесена едногласно. Во Руската Федерација има 89 субјекти“, кажа спикерот на Дума, Вјачеслав Володин.

    Законите за анексија треба да ги потврди и Федералниот совет, каде што без опозиција само се потврдуваат политиките на Кремљ.

    Москва минатата недела го почна формалниот процес на припојување на Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје, иако ниеден од овие региони не е под целосна руска контрола, а украинската војска е во противофанзива на истокот и југот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира