ТРИ ПАРТИИ ГО ОДБИЈА ГЕРБ ЗА КОАЛИЦИЈА, БОРИСОВ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ДА БИДЕ ПРЕМИЕР ИЛИ МИНИСТЕР

    ТРИ ПАРТИИ ГО ОДБИЈА ГЕРБ ЗА КОАЛИЦИЈА, БОРИСОВ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ДА БИДЕ ПРЕМИЕР ИЛИ МИНИСТЕРБорисов вели дека е подготвен за секакви компромиси и отстапки (Фото: АП)

    Поранешниот премиер Бојко Борисов изјави дека неговата партија ГЕРБ ќе се обиде да состави влада по победата на завчерашните избори во Бугарија, кои не понудија лесен пат до создавање коалиција.

    ГЕРБ освои 25,3% гласови, но прашање е дали ќе најде партнери во расцепканиот парламент, поради што постои ризик да се оди на нови избори. Лидерот на Продолжуваме со промената, Кирил Петков, веднаш кажа дека нема шанси да прават коалиција со ГЕРБ, а вакви пораки дојдоа и од социјалистите и од партијата Демократска Бугарија.

    Свесен за предизвикот, Борисов изјави дека нема да биде премиер или министер ако тоа е потребно за да се формира функционална коалиција.

    „Нови, брзи избори нема да донесат поинакви резултати. Подготвен сум за секакви компромиси и отстапки во името на народот“, изјави 63-годишниот Борисов, додавајќи дека сите партии мора да најдат заеднички основа за бугарската позиција во однос на војната во Украина.

    Седум партии влегоа во парламентот по четвртите избори за помалку од две години, при што на второто место заврши Продолжуваме со промената.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира