МИЦКОСКИ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ МАСОВНО ДА ИЗЛЕЗАТ НА ПРОТЕСТ ВО ОХРИД ПРОТИВ БУГАРСКИОТ КЛУБ „БОРИС ТРЕТИ“

    МИЦКОСКИ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ МАСОВНО ДА ИЗЛЕЗАТ НА ПРОТЕСТ ВО ОХРИД ПРОТИВ БУГАРСКИОТ КЛУБ „БОРИС ТРЕТИ“Мицкоски апелираше протестот да биде мирен. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повика граѓаните масовно да излезат на протест против бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, кој утре ќе биде отворен во Охрид. Мицкоски истовремено апелираше протестот да биде мирен.

    „Протестот е демократско право, треба да се протестира, и секој оној кој сака да протестира да излезе да протестира, тука да немаме никаква дилема. Само повикувам тој протест да биде мирен за да не дозволиме повторно да печалат на ваквите настани оние кои ја втурнаа Македонија во оваа ситуација, тоа е коалицијата СДСМ и ДУИ. Ги повикувам граѓаните масовно да излезат и да го поддржат протестот, но истовремено апелирам тој протест да биде мирен и демократски и да не дозволиме каков било инцидент да ја дефокусира јавноста од реалните проблеми, а тоа се инфлацијата, криминалот, корупцијата, енергетската, финансиската криза и уште многу други проблеми со кои Македонија денес се соочува“, изјави Мицкоски на настан во Општина Бутел, одговарајќи на новинарско прашање.

    За утре во Охрид е најавено отворање на бугарскиот културен центар „Цар Борис Трети“ од страна на истоименото здружение. Царот Борис Трети владееше со Бугарија од октомври 1918 година до неговата смрт во август 1943 година. Во 1941 година, Бугарија се приклучи на силите на Оската и окупираше територии на тогашна Југославија и Грција. Во март 1943 година, Бугарија депортираше над 11 илјади евреи од окупираните територии во концентрационите логори Аушвиц и Треблинка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира