РУСИТЕ ГО РАКЕТИРАА КИЕВ ДВА ДЕНА ПО ЕКСПЛОЗИИТЕ НА МОСТОТ НА КРИМ, ИМА МРТВИ

    РУСИТЕ ГО РАКЕТИРАА КИЕВ ДВА ДЕНА ПО ЕКСПЛОЗИИТЕ НА МОСТОТ НА КРИМ, ИМА МРТВИОва е првиот напад на Киев по неколку месеци пауза (Фото: Твитер)

    Серија експлозии утрово одекнаа во Киев, што е првиот руски напад на главниот град на Украина по неколку месеци пауза. Градоначалникот Витали Кличко потврди дека имало неколку експлозии во централната област Шевченкивски, додавајќи дека подоцна ќе објави детали.

    Украинските итни служби кажаа дека има загинати и повредени.

    Ова следува само два дена по нападот на единствениот мост што ги поврзува Русија и анектираниот полуостров Крим, во кој загинале три лица.

    Најмалку две експлозии се слушнаа во централниот Киев околу седум часот по македонско време, објави Би-Би-Си. Снимките на социјалните мрежи покажуваат чад над згради во неколку делови од градот.

    Иако Украина не потврди дека нејзините сили стојат зад нападот на мостот Керч, Владимир Путин го обвини Киев за терористички чин.

    Нема сомнеж дека тоа беше терористички чин кој имаше за цел да уништи критична цивилна инфраструктура на Русија“, кажа Путин.

    Според руската верзија, експлозијата на мостот ја предизвикал камион. Шефот на Истражувачкиот комитет на Русија, Александар Бастрикин, изјави дека истражителите утврдиле дека камионот патувал преку Бугарија, Грузија, Ерменија, Северна Осетија и краснодарска територија пред да експлодира на мостот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира