ОД ДЕНЕСКА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА БЕСПЛАТНА ВАКЦИНА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП ЗА РИЗИЧНИ ГРУПИ

    ОД ДЕНЕСКА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА БЕСПЛАТНА ВАКЦИНА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП ЗА РИЗИЧНИ ГРУПИБесплатната вакцинација против сезонски грип е за стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години. (Фото: СДК:МК)

    Oд денеска, со аплицирање на страницата vakcinacija.mk, почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи. Бесплатната вакцинација против сезонски грип е незадолжителна, наменета е за стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години. Станува збор за четиритипна вакцина против сезонски грип, од производителот компанијата „Абот“ од Холандија, соопшти Министерството за здравство.

    „Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. Со пополнување на апликацијата се регистрирате за вакцинација директно во системот Мој термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс ќе добиете повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате“, вели Министерството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира