ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА ПОЛОЖИ ВЕНЦИ ВО СКОПЈЕ И КУМАНОВО ВО ЗНАК НА СЕЌАВАЊЕ НА БОРБАТА ПРОТИВ ФАШИСТИЧКИОТ РЕЖИМ

    ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА ПОЛОЖИ ВЕНЦИ ВО СКОПЈЕ И КУМАНОВО ВО ЗНАК НА СЕЌАВАЊЕ НА БОРБАТА ПРОТИВ ФАШИСТИЧКИОТ РЕЖИМДенеска низ Македонија се одбележуваше 11 Октомври - Ден на народното востание на македонскиот народ. - Делегација на Германската амбасада на платото пред Владата (Фото: Твитер)

    Претставници на Германската амбасада во Скопје го одбележаа 11 Октомври со положување венци на споменикот Ослободители на Скопје пред Владата и на Спомен костурницата во Куманово.

    „Во знак на сеќавање на народното востание од 1941 година против фашистичкиот режим, Германската амбасада положи венци на спомениците во Куманово и Скопје. Да не се повтори“, напиша амбасадорката Анке Холштајн на социјалните мрежи.

    Денеска низ Македонија се одбележуваше 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ. Пред 81 година на 11 октомври, со нападот на македонските партизани на бугарскиот участок во Прилеп почнува Народноослободителна борба против бугарскиот, италијанскиот и германскиот фашистички окупатор.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира