РУСКАТА ВЛАДА НАРЕДИ КРИМСКИОТ МОСТ ДА БИДЕ ПОПРАВЕН ДО ЈУЛИ 2023

РУСКАТА ВЛАДА НАРЕДИ КРИМСКИОТ МОСТ ДА БИДЕ ПОПРАВЕН ДО ЈУЛИ 2023Мостот во меѓувреме беше отворен за автомобили и возови (Фото: Гети)

Руската влада нареди поправките на Кримскиот мост да завршат до јули 2023.

Единствениот мост кој ги поврзува Русија и анектираниот полуостров беше тешко оштетен минатиот викенд во експлозии, за кои Москва ја обвини Украина. Мостот долг 19 километри е клучна маршрута за снабдување на руските сили во Украина, но тешки возила сега не смеат да го користат.

Средната секција на две од четирите ленти на мостот се урнаа, а оштетена е и пругата. Моментално, камионите се превезуваат со траекти, а мостот во меѓувреме беше отворен за автомобили и возови.

Руската влада му нареди на единствениот изведувач на поправките да ја заврши работата до 1 јули 2023. Мостот беше отворен од Владимир Путин во 2018, четири години по анексијата.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира