41 ЗАГИНАТ ВО РУДАРСКАТА НЕСРЕЌА ВО ТУРЦИЈА, ОБЈАВИ ЕРДОГАН, ВЕЌЕ НЕМА ИСЧЕЗНАТИ

    41 ЗАГИНАТ ВО РУДАРСКАТА НЕСРЕЌА ВО ТУРЦИЈА, ОБЈАВИ ЕРДОГАН, ВЕЌЕ НЕМА ИСЧЕЗНАТИРечиси половина од рударите работеле на длабочина од 300 метри, каде што се случила експлозијата (Фото: АП)

    Четириесет и еден рудар загинаа во вчерашната несреќа во северната турска провинција Бартин, соопшти претседателот Реџеп Таип Ердоган. Пронаоѓањето на телото на последниот исчезнат рудар стави крај на спасувачката операција, повеќе од 20 часа од смртоносната експлозија.

    Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека во моментот на несреќата во рудникот работеле околу 110 луѓе, од кои 58 сами излегле или биле спасени. Десет од нив остануваат во болница.

    Речиси половина од рударите работеле на длабочина од 300 метри, каде што се случила експлозијата, чија причина не е позната.

    Ердоган го посети местото на несреќата и потврди дека последниот исчезнат рудар е пронајден мртов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира