ИРАН СЕ СОГЛАСИЛ ДА Ѝ ИСПОРАЧА БАЛИСТИЧКИ ПРОЕКТИЛИ И УШТЕ ДРОНОВИ НА РУСИЈА

    ИРАН СЕ СОГЛАСИЛ ДА Ѝ ИСПОРАЧА БАЛИСТИЧКИ ПРОЕКТИЛИ И УШТЕ ДРОНОВИ НА РУСИЈАРусите побарале проектили со подобрена прецизност „фатех“ и „золфагар“ (Фото: АП)

    Иран се согласил да ја снабди Русија со проектили копно-копно и со уште дронови, потврдија двајца високи ирански функционери и двајца ирански дипломати за „Ројтерс“. Зделката била договорена на 6 октомври кога иранска делегација, предводена од потпретседателот Мохамад Мохбер, ја посетила Москва заради разговори за испорака на оружје.

    Русите побараа уште дронови и ирански балистички проектили со подобрена прецизност, особено оние од групата ‘фатех‘ и ‘золфагар‘“, изјави еден од иранските дипломати.

    Западен функционер запознат со ова прашање потврдил дека Иран постигнал договор со Русија за испорака на балистички проектили копно-копно со краток дострел. Иранскиот дипломат ги отфрлил западните обвинувања дека вакви трансфери прекршуваат резолуција на Обединетите нации од 2015.

    Продавачот не го интересира каде тие оружја ќе бидат употребени. Ние не заземаме страна во украинската страна како западот. Ние сакаме таа да се реши по дипломатски пат“, рекол иранскиот дипломат.

    Во изминатите денови, Украина беше изложена на уништувачки руски напади со дронови, за кои тврди дека се иранските „шахед-136“, додека Кремљ негира дека ги користи. Стејт департментот смета дека во вчерашните напади на Киев биле користени иранските камиказе дронови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира