ИРАНСКИТЕ ТРУПИ ИМ ПОМАГААТ НА РУСИТЕ ВО НАПАДИТЕ СО ДРОНОВИ НА УКРАИНА, ВЕЛИ БЕЛАТА КУЌА

    ИРАНСКИТЕ ТРУПИ ИМ ПОМАГААТ НА РУСИТЕ ВО НАПАДИТЕ СО ДРОНОВИ НА УКРАИНА, ВЕЛИ БЕЛАТА КУЌАРусија во изминатите денови ги засили нападите на украинската инфраструктура (Фото: АП)

    Белата куќа објави дека има докази дека иранските трупи стационирани на Крим се директно вмешани во руските напади со дронови на украинската инфраструктура и цивилното население.

    Портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби, изјави дека Иран испратил релативно малуброен персонал на Крим за да им помага на руските сили во лансирањето на дроновите од иранско производство.

    Информациите што ги имаме кажуваат дека Иранците испратиле тренери и техничка поддршка на Крим, но Русите се тие кои управуваат со дроновите“, изјави Кирби.

    Вашингтон беше првиот кој летоска откри дека Русија добива ирански беспилотни летала за војната во Украина. Иран упорно негира дека помага која било страна во војната. Според украинскиот претседател Зеленски, Русија има нарачано 2.400 дронови „шахед-136“ од Иран, кои имаат носивост од околу 50 килограми.

    Кирби додаде дека САД би можеле да воведат нови санкции за Иран и дека дипломатијата и нуклеарните разговори со оваа земја веќе не се во прв план.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира