РУСИЈА ЌЕ ГО ОБНОВИ ПРОИЗВОДСТВОТО НА „МОСКВИЧ“ ВО ДЕКЕМВРИ

    РУСИЈА ЌЕ ГО ОБНОВИ ПРОИЗВОДСТВОТО НА „МОСКВИЧ“ ВО ДЕКЕМВРИ„Москвич“ оригинално престана да се произведува пред 20-ина години

    Русија ќе го обнови производството на автомобилите „москвич“ во декември, објави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, повеќе од шест месеци откако „Рено“ се повлече од рускиот пазар.

    Француската компанија го продаде мнозинскиот удел во автокомпанијата „Автоваз“ на државата, со опција повторно да го откупи за шест години.

    Собјанин во мај кажа дека производството на „москвич“ ќе спаси илјадници работни места, но оттогаш немаше активности во бившата фабрика на „Рено“.

    „Автомобилската индустрија имаше сериозен пад оваа година, но се надеваме дека во декември ќе можеме да го лансираме производството во фабриката на ‘Москвич‘“, кажа Собјанин.

    „Москвич“ оригинално престана да се произведува пред 20-ина години. Од фабриката се надеваат дека оваа година ќе се произведат околу 600 примероци, од кои 200 електрични, а 50.000 во 2023.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира