РЕЧИСИ МИЛИОН И ПОЛ ДОМАЌИНСТВА ВО УКРАИНА ОСТАНАА БЕЗ СТРУЈА ПО ПОСЛЕДНИОТ РУСКИ НАПАД НА ЕЛЕКТРАНИТЕ

    РЕЧИСИ МИЛИОН И ПОЛ ДОМАЌИНСТВА ВО УКРАИНА ОСТАНАА БЕЗ СТРУЈА ПО ПОСЛЕДНИОТ РУСКИ НАПАД НА ЕЛЕКТРАНИТЕВо последните воздушни напади се уништени речиси една третина од електраните во Украина и другите капацитети за производство на енергија. (Фото: Прес сервис на претседателот на Украина)

    Русија започна нов масивен напад на енергетската мрежа на Украина, по што речиси милион и пол домаќинства останаа без струја, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој кажа дека синоќешните напади биле од доста широк размер и погодиле региони во Украина и на запад, во центарот, југот и истокот.

    Зеленски додава биле повеќето руски ракети и дронови се соборени, и дека такви напади нема да го сопрат воениот напредок на Украина.

    „Се разбира дека немаме техничка можност да собориме 100 отсто од руските ракети и нападите од дроновите. Постепено ќе стигнеме и до тоа, со помош на нашите партнери. Уверен сум во тоа“, рече украинскиот лидер.

    Во воздушните напади од понеделникот минатата недела се уништени речиси една третина од електраните во Украина и другите капацитети за производство на енергија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира