ГЕРМАНСКИ КЛИМАТСКИ АКТИВИСТИ ФРЛИЈА ПИРЕ ВРЗ ДЕЛО НА МОНЕ ВРЕДНО 111 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

    ГЕРМАНСКИ КЛИМАТСКИ АКТИВИСТИ ФРЛИЈА ПИРЕ ВРЗ ДЕЛО НА МОНЕ ВРЕДНО 111 МИЛИОНИ ДОЛАРИАктивистите рекоа дека целта на упадот е повик за будење во очи на климатска катастрофа. (Фото: АП)

    Активисти на германско здружение за заштита на животната средина фрлија пире врз уметничко дело на Клод Моне во Музејот Барберини во Потсдам. По девет дена откако активисти на „Џаст стоп оил“ (Just Stop Oil) фрлија супа од домати врз „Сончогледите“ на Винсент ван Гог во Националната галерија во Лондон, вчера двајца активисти од „Последната генерација“ фрлија сварени компири врз „Стогови сено“ од Моне и потоа ги залепија дланките на ѕидот.

    Активистите рекоа дека целта на упадот е повик за будење во очи на климатска катастрофа.

    „Луѓето гладуваат, смрзнуваат, луѓето умираат. Ние сме среде климатска катастрофа и вие сте загрижени за супа од домати или пире врз слика. Знаете јас од што се плашам? Загрижена сум бидејќи науката ни кажува дека во 2050 нема да можеме да ги прехраниме фамилиите. Оваа слика нема да вреди ништо ако треба да се бориме за храна. Кога ќе почнете да нè слушате и да престанете со бизнисите?“, рече едната активистка.

    Портпарол на Музејот изјави дека сликата била заштитена со стакло и дека не е оштетена. Тој додаде дека полицијата брзо пристигнала и без проблеми ги привела демонстраните. Сликата била продадена за 111 милиони долари во 2019. Задутре повторно ќе биде изложена за јавноста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира