БИТОЛЧАНИ ПОЧНАА ДА ПОДНЕСУВААТ ТУЖБИ И ЗА ДРАСКАНИЦИ ОД УЛИЧНИ МАЧКИ

    БИТОЛЧАНИ ПОЧНАА ДА ПОДНЕСУВААТ ТУЖБИ И ЗА ДРАСКАНИЦИ ОД УЛИЧНИ МАЧКИОпштината лани исплатила 1,29 милиони денари по тужби на граѓани каснати или нападнати од кучиња. (Фото: СДК.МК)

    Покрај тужбите за каснатини од бездомни кучиња, битолчани поднесуваат тужби против Општина Битола и за драсканица од улични мачки. На Комисијата за јавни и комунални дејности деновиве беше разгледано барањето за промена на Одлуката за комунален ред во кој досега беше предвидено заловување, згрижување и ерадикација освен на бездомни кучиња и на мачки.

    „Се прават измени и дополнувања на Одлуката во делот на член 90 кој го третира заловувањето, згрижување и ерадикација на животни скитници. Во одлуката покрај болни кучиња стои зборот и мачки. Оваа одлука е стара. Законот за благосостојба на животните ги третира бездомните куќиња, мачките не се никаде третирани. Морам да известам дека граѓаните почнуваат да носат тужби и за драсканици од мачки, да не преминеме во таква ситуција да обештетуваме и за тоа, значи се прави злоупотреба, вршиме измена во Одлуката за комунален ред, зборовите ‘и мачки’ се бришат“, рече Марјана Спасовска, раководителка на Одделението за комунални дејности.

    Во Битола во тек е подготовка на прифатилиште за бездомни животни кое ќе биде сместено кај старата ветеринарна станица кај земјоделското училиште, каде ќе бидат згижени уличните кучиња кои низ град ги има во голем број. До крајот на годината се очекува да биде изграден дел од прифатлиштето. По што треба да се добие согласност од Агенцијата за храна и ветернарство. Општината лани исплатила 1,29 милиони денари по тужби на граѓани каснати или нападнати од кучиња.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира