Сопругот на спикерката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси, Пол, бил насилно нападнат од напаѓач кој провалил во нивниот дом во Сан Франциско рано утринава по локално време. Тој е во болница и се очекува целосно да закрепне од повредите, кажа портпаролот на Пелоси, Дру Хамил.
Спикерката Пелоси не била дома во моментот на нападот. Портпаролот кажа дека напаѓачот е приведен и се истражува мотивот на нападот.
„Спикерката и нејзиното семејство се благодарни на итните служби кои интервенираат и бараа да се почитува приватноста во моментов“, додаде Хамил.