ПО 5 ГОДИНИ КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА ДО КРАЈОТ НА СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ ЌЕ ДОБИЕ МАМОГРАФ, КАЖА МИНИСТЕРКАТА ТРЕНЧЕВСКА

    ПО 5 ГОДИНИ КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА ДО КРАЈОТ НА СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ ЌЕ ДОБИЕ МАМОГРАФ, КАЖА МИНИСТЕРКАТА ТРЕНЧЕВСКАКуманово веќе 5 години нема мамограф. - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска (Фото: СДК.МК)

    Министерката за труд и социјална политика и претседателка на Форум на жени на СДСМ, Јованка Тренчевска, која денеска присуствуваше во Куманово на трка посветен на розов октомври за борбата против ракот на дојката, најави дека Кумановската болница до крајот на годината ќе добие мамограф.

    На новинарско прашањето на САКАМДАКАЖАМ, дека јавното здравство во Куманово веќе 5 години нема мамограф, дали како Форум на жени на СДСМ како централна власт ќе извршат притисок Општата болница во Куманово побрзо да добие апарат кој е неопходен за рано откривање на ракот на дојката.

    „Секако. Апаратурата во Здравствените домови и болниците е неопходна за да имаме рано откривање на ракот на дојката. Преку проект на Светска банка во кое е вклучено Министерството за труд и социјална политика, главен носител е Министерство за здравство, веќе склучивме договори со меѓународни фирми за набавка на мамографи и на друга апаратура коишто одат за неколку болници во државата. Значи да не биде сѐ сконцентрирано во Скопје и во клиниките, туку да добијат и болниците во останатите општини. Верувам дека до крајот на годината мамографите и останати апарати ќе бидат ставени во функција во општите болници, вклучително и Куманово“, изјави министерката Тренчевска.

    Поддршка на трката за борба против ракот на дојката, која се одржа на градскиот кеј во Куманово дадоа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорката на УЈП Сања Лукаревска.

    Од трката беше упатен апел жените редовно да вршат контроли и самопрегледи, бидејќи со рано откривање на опаката болест постојат реални шанси за нејзино лекување.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира