МИЛИЈАРДЕРОТ ОЛЕГ ТИНКОВ СЕ ОТКАЖА ОД РУСКОТО ДРЖАВЈАНСТВО ЗА ДА СЕ ДИСТАНЦИРА ОД „ФАШИЗМОТ НА ПУТИН“

    МИЛИЈАРДЕРОТ ОЛЕГ ТИНКОВ СЕ ОТКАЖА ОД РУСКОТО ДРЖАВЈАНСТВО ЗА ДА СЕ ДИСТАНЦИРА ОД „ФАШИЗМОТ НА ПУТИН“Тинков е еден од ретките руски олигарси кои јавно ја критикуваа руската инвазија на Украина (Фото: Гети)

    Банкарот и милијардер Олег Тинков се откажа од руското државјанство поради војната во Украина и го осуди „фашизмот на Владимир Путин“. Тој е основачот на онлајн банката „Тинкоф“, која има 20 милиони корисници.

    Не можам и не сакам да ме поврзуваат со фашистичка држава која почна војна со својот мирен сосед. Срам ми е и понатаму да го имам овој пасош“, напиша Тинков на Инстаграм и покажа потврда за прекин на руското државјанство.

    Тинков наводно живее во Велика Британија, која воведе санкции против него.

    Ја мразам Русија на Путин, но ги сакам сите Руси кои се против оваа луда војна“, додаде тој.

    Малкумина руски олигарси јавно ја критикуваа руската инвазија на Украина. Од руското државјанство претходно се откажаа и банкарот Николај Сторонски и инвеститорот и милијардер Јури Милнер, кој живее во САД.

    Политичката и воена моќ на Путин силно се потпира врз олигарсите, кои имаат тесни врски со Кремљ, поради што голем дел од нив се најдоа под западните санкции.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира