ПРАТЕНИК КОЈ НОСЕШЕ ЛЕНТА СО НАЦИСТИЧКА СВАСТИКА ИЗБРАН ЗА ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ВО ИТАЛИЈАНСКАТА ВЛАДА

    ПРАТЕНИК КОЈ НОСЕШЕ ЛЕНТА СО НАЦИСТИЧКА СВАСТИКА ИЗБРАН ЗА ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ВО ИТАЛИЈАНСКАТА ВЛАДАПремиерката Мелони не ја коментираше спорната фотографија на Галеацо Бињами од 2005 (Фото: АП)

    Галеацо Бињами, пратеник од редовите на Браќа на Италија, е именуван за заменик-министер за инфраструктура во владата на Џорџа Мелони, шест години откако беше обелоденета фотографија на која носи лента со нацистичка свастика на раката.

    Четириесет и седумгодишниот Бињами минатиот месец го освои вториот пратенички мандат. Тој долго време беше дел од италијанската радикална десница, но помина дел од политичката кариера во поумерената партија Напред Италија на Силвио Берлускони. Вчера изјави дека чувствува длабок срам поради свои стари фотографии.

    „Осудувам секаква форма на тоталитаризам. Нацизмот и слични движења се апсолутно зло“, кажа тој.

    Мелони не ја коментираше спорната фотографија од 2005, додека постојано ги осудува расистичките и антисемитски закони донесени од Мусолини во 1938.

    Лидерот на партијата Лига, Матео Салвини, беше избран за министер за инфраструктура.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира