СЕВЕРНА И ЈУЖНА КОРЕЈА ИСПУКАА ПРОЕКТИЛИ КОИ ПРВПАТ ПАДНАА ПОКРАЈ БРЕГОТ НА ДВЕТЕ ЗЕМЈИ

    СЕВЕРНА И ЈУЖНА КОРЕЈА ИСПУКАА ПРОЕКТИЛИ КОИ ПРВПАТ ПАДНАА ПОКРАЈ БРЕГОТ НА ДВЕТЕ ЗЕМЈИЈужнокорејските власти кажаа дека Северна Кореја испукала најмалку 10 проектили (Фото: АП)

    Северна и Јужна Кореја испукаа проектили кои за првпат паднаа во водите покрај брегот на двете држави.

    Сеул се одмазди три часа откако Северна Кореја лансираше проектил кој ја премина поморската граница и падна 60-ина километри од јужнокорејскиот град Сокчо.

    Тоа е неприфатливо кршење на нашата територија“, соопшти војската на Јужна Кореја, која одговори со три проектили земја-воздух.

    Северна Кореја вчера ги предупреди САД и Јужна Кореја дека ќе ја платат „најужасната цена во историјата“ ако продолжат со заедничките воени вежби, што беше сфатено како закана со нуклеарно оружје. Се очекува Пјонгјанг наскоро да продолжи со своите нуклеарни тестирања по петгодишна пауза.

    Јужнокорејските власти кажаа дека Северна Кореја испукала најмалку 10 проектили во правец на исток и запад и најмалку еден од нив паднал околу 26 километри јужно од границата, односно 57 километри од градот Сокчо. Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-јеол, го опиша ова како „ефективна територијална инвазија“, иако проектилот паднал надвор од јужнокорејските територијални води.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира