ПРЕМИЕРКАТА ФРЕДЕРИКСЕН ЌЕ ФОРМИРА НОВА ВЛАДА ПО ПОБЕДАТА НА ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ ВО ДАНСКА

    ПРЕМИЕРКАТА ФРЕДЕРИКСЕН ЌЕ ФОРМИРА НОВА ВЛАДА ПО ПОБЕДАТА НА ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ ВО ДАНСКАСоцијалдемократската партија на Фредериксен го оствари најдобриот резултат во последните две децении (Фото: АП)

    Блокот на левиот центар освои најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори во Данска, кои беа сфатени како гласање за доверба на премиерката Мете Фредериксен. Нејзиниот блок ќе формира нова влада откако освои 90 од 179 места во парламентот.

    Наспроти предвидувањата, Социјалдемократската партија на Фредериксен го оствари најдобриот резултат во последните две децении, со освоени 28% гласови. 

    Фредериксен беше принудена да распише предвремени избори по објавувањето на извештајот во кој нејзината влада беше жестоко критикувана за убивањето на милиони нутрии од фармите за крзно на врвот на пандемијата на ковид-19. Во извештајот беше заклучено дека убивањето на 17 милиони нутрии во 2020 немало законска основа, што Фредериксен наводно не го знаела.

    И покрај успехот нз изборите, Фредериксен кажа дека денеска ќе поднесе оставка од премиерската функција и потоа ќе се обиде да формира нова влада на поширока коалиција.

    Ние сме партија за цела Данска“, изјави Фредериксен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира