ШОН ПЕН МУ ПОДАРИ ЕДЕН ОД СВОИТЕ ОСКАРИ НА ЗЕЛЕНСКИ

    ШОН ПЕН МУ ПОДАРИ ЕДЕН ОД СВОИТЕ ОСКАРИ НА ЗЕЛЕНСКИОскарот ќе остане во Украина до крајот на војната (Фото: Гети)

    Шон Пен му подари еден од своите оскари на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    Пен е голем поддржувач на Украина од почетокот на руската инвазија и на последната средба со Зеленски во Киев ја извади статуетката од торба и ја стави на масата пред него.

    „Се чувствувам ужасно. Ова е за вас. Тоа е само симболична, глупава работа, но ќе се чуствувам подобро и посилно ако знам дека е кај вас. Кога ќе победите, ќе ми ја вратите во Малибу“, кажа Пен.

    Тој освои два оскара за најдобар актер, за „Мистична река“ во 2003 и „Милк“ во 2008.

    „Шон го донесе својот оскар во Киев како симбол на вербата во победата на нашата земја. Ќе остане во Украина до крајот на војната“, изјави Зеленски, кој се прошета со Пен низ Киев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира