ОБВИНИТЕЛОТ ИСЛАМ АБАЗИ НЕ САКА ДА БИДЕ ВО УПРАВНИОТ ОДБОР НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ОТИ ТАМУ Е ЗАПИШАНА НЕГОВАТА СОПРУГА

    ОБВИНИТЕЛОТ ИСЛАМ АБАЗИ НЕ САКА ДА БИДЕ ВО УПРАВНИОТ ОДБОР НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ОТИ ТАМУ Е ЗАПИШАНА НЕГОВАТА СОПРУГААбази ќе побара од Советот на јавните обвинители да го повлече предлогот за негово назначување во Управниот одбор на Академијата (Фото: К. Попов)

    Јавниот обвинител за гонење организиран криминал и корупција Ислам Абази не сака не биде назначен за член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, зашто неговата сопруга таму слуша настава, и ќе побара од Советот на јавните обвинители да го повлече предлогот за негово назначување во Управниот одбор, соопшти Обвителството.

    „Како што истакнав и во моето првично обраќање до јавноста, мојата сопруга во моментов е слушател на Академијата за судии и јавни обвинители. Со оглед на тоа што таа е пред завршување на Академијата, не сакам да падне било каков сомнеж во објективноста при спроведувањето на завршниот испит и оценувањето. Затоа се откажувам од членувањето во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители и барам Советот да ја измени одлуката“, вели Абази во барањето што ќе го достави до Советот на јавните обвинители, заблагодарувајќи се на довербата.

    На 7 ноември, Абази, кој беше Виш јавен обвинител на Гостивар, беше избран за Јавен обвинител за гонење организиран криминал и корупција, на местото на досегашната шефица Вилма Русковска. Абази е познат по тоа дека иако не е од Академијата за судии и јавни обвинители, сепак добро го владеел правото и обвинителската работа. Неговата сопруга е на Академијата, таа е од претпоследната генерација и сега завршува. Наскоро ќе биде избрана за обвинителка или за судија во прв степен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира