СРПСКИОТ КОРЕОГРАФ АЛЕКСАНДАР ИЛИЌ ВО НОБ ГО ПОСТАВУВА СОВРЕМЕНИОТ БАЛЕТ „ПЕПЕЛАШКА“

    СРПСКИОТ КОРЕОГРАФ АЛЕКСАНДАР ИЛИЌ ВО НОБ ГО ПОСТАВУВА СОВРЕМЕНИОТ БАЛЕТ „ПЕПЕЛАШКА“Илиќ го поставува балетот од Сергеј Прокофјев како современ балет во три слики. - Од пробите во НОБ. (Фото: НОБ)

    Првиот солист на Балетот на Народно позориште во Белград Александар Илиќ ги привршува пробите за балетската претстава „Пепелашка“ во Националната опера и балет (НОБ) во Скопје. Илиќ, кој е и кореограф, професор и основач на Институтот за уметничка игра, како и директор на Културниот центар во Белград, го поставува балетот од Сергеј Прокофјев како современ балет во три слики. Премиерата е закажана за 19 ноември.

    Играат Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Саша Евтимова, Марија Јосифовска-Ристовска, Ендру Кук (Англија), Кристијан Јангос, Драган Кочоски и Гала Кочевска, како и балетскиот ансамбл. Костимите се на Катарина Радошевиќ-Галиќ (Хрватска), сценографијата на Филип Коруновски, адаптацијата на музиката на Георг Драушник  од Хрватска, а асистенти на кореографот се Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија).

    „’Пепелашка’….И живееја среќно до крајот на животот, затоа што љубовта е во воздухот….но, пред тоа би требало и да се запознаат….Во еден мал, но познат град, на главниот плоштад, каде што се наоѓа споменико Вила Срце, се среќаваат пријатели, се заљубуваат момчиња во девојки, оџачарот прави пауза во својот распоред, а едно девојче по име Пепелашка во нежните дланки, носи куфер преполн со соништа. ..Дали приказната имаше среќен крај, тоа тогаш не го знаеше ниту Вилата Срце, бидејќи сите девојки загубија по еден чевел, верувајќи во своите желби и соништа. Сите живееја среќно до крајот на животот, но и подолго, по оваа приказна. Многу, многу среќно, бидејќи Love is in the air“, најавува НОБ.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира