НИЗ МАКЕДОНИЈА САМИ МИНАЛЕ 18.349 ДЕЦА БЕГАЛЦИ, СО СЕМЕЈСТВАТА ОФИЦИЈАЛНО СЕ ОБЕДИНИЛЕ САМО ТРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НИЗ МАКЕДОНИЈА САМИ МИНАЛЕ 18.349 ДЕЦА БЕГАЛЦИ, СО СЕМЕЈСТВАТА ОФИЦИЈАЛНО СЕ ОБЕДИНИЛЕ САМО ТРИ

    Од јуни 2015  досега, според МВР, во Македонија како бегалци допатувале 18.349 деца без родител или старател.  Процедурите налагаа на ваквите деца, поради опасноста од трговија со луѓе,  да не им се дозволи да го продолжат патот туку да бидат задржани кај нас, да им се одреди старател кој понатаму ќе доенесе одлука што е најдобро за детето.  Искуството покажа дека старателите, ако биле назначени, секогаш одлучувале децата  да го продолжат патот, а само во еден случај одлучиле дека најдобро за детето е да остане кај нас и да се смести во семејство.

    „По однос на обликот на вонинституционална заштита на непридружувани малолетни деца странци (сместување во згрижувачко семејство) во текот на мигрантската криза само во еден случај е донесено решение за ваков тип на сместување. Во сите останати случаи, пред сѐ поради јазичната бариера, се одлучуваше децата да бидат сместувани на друго место каде веќе беа сместени деца кои се од тоа јазично подрачје и каде им се нудеше соодветен тип на грижа и психосоцијално советување“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

    Претставници од Министерството кои секојдневно работеа и сѐ уште работат во транзитните центри, велат дека направиле стотици интервјуа со децата бегалци, со вкрстени прашања и долготрајни разговори и секогаш заклучокот бил дека во најдобар интерес на детето е да го продолжи патот. По неколкудневен престој кај нас, додека траеле интервјуата, децата сепак го продолжувале патот. Како нивна придружба најчесто се јавувале други бегалци чија последна дестинација била како и онаа на детето, за да можат да го продолжат патувањето.

    Тоа е причината поради која сега Македонија знае каде се само четири од децата без родител или старател кои што минале низ нашата држава. Едно од нив е сместено во семејство кај нас, а три со помош на Црвен крст се обединиле со семејства во Германија.

    Официјално, Министерството за труд и социјална политика, пак, вели дека работеле и на обединување на семејствата.

    „По однос на семејното обединување, кое еден од најдобрите интереси на детето, во изминатиот период се направени неколку постапки за семејно обединување каде Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – старателот на детето по службена должност и Службата за барање на Црвениот крст на Македонија успеа да воспостават контакти со семејствата на овие деца и согласно законските процедури се направи семејно обединување на овие лица“, велат од Министерството.

    Од Црвен крст потврдија дека направиле обединување со семејствата на деца кои кај нас допатувале без придружба, но само во три случаи.

    „Иако бројката на сите им личи мала, се работи за многу долги и сложени процедури. Се чекаат потврди и одобренија од различни стани, но успеавме во три случаи да ги комплетираме сите потребни документи. Децата се споија со семејствата. Сите три се во Германија“, вели Валентина Колеска, координатор на службата за воспоставување семејни врски на Црвениот крст на Република Македонија. Таа нагласи дека работеле само на три случаи оти толку од нив побарало Министерството за труд.

    Бројката од 18.349 деца без придружба ја потврдија и од УНХЦР. Од таму откриваат дека оваа бројка не е реална бројка на деца кои влегле во Македонија сами, без родител или старател, но така се заведени поради грешка во начинот на евидентирање.

    „Грците ги регистрирале на поединечни документи и децата кои патувале со родители, па кога доаѓале во ’Винојуг’ врз основа на грчкиот документ биле заведувани како деца без родител или старател  иако патувале со семејството.  Во разговори со бегалците го утврдивме пропустот и веднаш ги алармиравме одговорните од МВР кои  ја исправија грешката. По интервенцијата,  одеднаш бројот на деца кои влегуваа во Македонија без родител или старател драстично се намали“, вели Дејан Кладарин  од УНХЦР.

    Од таму велат дека и сега во Македонија има деца кои се непридружувани, но сите се згрижени.

    На крајот на октомври годинава, Првата детска амбасада во светот Меѓаши алармираше дека во Транзитниот центар Табановце престојуваат деца кои се илегално влезени државата, немаат придружба и илегално престојуваат кај нас пред очи на полицијата и надлежните служби. При редовните посети што ги прават на Транзитниот центар Табановце, Меѓаши констатирале дека во континуитет имало најмалку по едно дете без придружба и со илегален статус. Едно такво дете беше откриено при нивната контрола во октомври. Најмалку четири дена престојувало во Транзитниот центар без старател. Детето доби старател и соодветна грижа откако во расчитување на случајот се вклучи Народниот правобранител, кому службите му објаснија дека не биле веднаш преземени пропишаните мерки оти немало социјални работници и преведувачи.

    „Децата бегалци без придружба се лесен плен на криминални банди, изложени се на сериозен ризик од експлоатација, трговија со луѓе, злоупотреба на детски труд. За таквите криминални банди децата бегалци без придружба вредат милиони евра и чекаат момент како да стигнат до нив. Тие оперираат до транзитните центри и секаде каде има можност децата бегалци да се движат. Одговорните мора да бидат повнимателни, посебно во услови кога над 10.000 деца мигранти се водат како исчезнати“, вели  Гордана Пирковска Змијанац, основач на „Меѓаши“.

    disklejmer-prikazni-23734

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира