КОСОВО ГО ПРИФАТИ АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ ДА СЕ ОДЛОЖИ КАЗНУВАЊЕТО ЗА СРПСКИТЕ РЕГИСТЕРСКИ ТАБЛИЧКИ

    КОСОВО ГО ПРИФАТИ АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ ДА СЕ ОДЛОЖИ КАЗНУВАЊЕТО ЗА СРПСКИТЕ РЕГИСТЕРСКИ ТАБЛИЧКИПреговорите со посредство на Брисел не го решија спорот (Фото: ЕБС)

    Косовскиот премиер Албин Курти ноќеска го прифати американскиот предлог за 48-часовно одложување на примената на владината одлука за казнување на српските возачи кои ќе одбијат да преминат на косовските регистерски таблички.

    Европската Унија и Србија вчера предупредија дека на Косово би можело да избие насилство откако преговорите со посредство на Брисел не го решија спорот. Косовските власти инсистираа етничките Срби да ги предадат старите регистерски таблички издадени од Србија пред војната во 1999 и планираа од денеска да изрекуваат казни од 150 евра за оние кои ќе одбијат да го направат тоа.

    Неколку минути по полноќ, американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, соопшти дека побарал од косовските власти да го одложат казнувањето за 48 часа, за да можат САД и ЕУ дополнително да се ангажираат околу наоѓањето решение.

    Загрижени сме што лидерите на Косово и Србија не беа во можност да постигнат договор“, кажа Ховениер.

    Набргу потоа, Курти изјави дека го прифатил неговиот предлог.

    Српскиот претседател Александар Вучиќ предупреди дека ситуацијата во Косово е буквално на раб на конфликт. Етничките Срби неодамна се повлекоа од сите државни институции во Косово, вклучувајќи ја и полицијата.

    Курти го обвини Брисел за неуспехот на преговорите, додека еврокомесарот за надворешна политика Хосеп Борел кажа дека косовскиот премиер го одбил компромисниот предлог, што Србија го прифатила. Вучиќ кажа дека Србија ќе престане да издава нови регистерски таблички за етничките Срби во северно Косово.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира