ОПШТИНА АРАЧИНОВО НЕ САМО ШТО НЕ ШТЕДИ СТРУЈА, ТУКУ ПОТРОШИЛА 474 ОТСТО ПОВЕЌЕ ОД ЛАНИ ВО ОКТОМВРИ

    ОПШТИНА АРАЧИНОВО НЕ САМО ШТО НЕ ШТЕДИ СТРУЈА, ТУКУ ПОТРОШИЛА 474 ОТСТО ПОВЕЌЕ ОД ЛАНИ ВО ОКТОМВРИВкупна заштеда на струја од министерствата, институциите и општините е 24%. (Фото: Влада)

    Општина Арачиново не ги почитува препораките на Владата за штедење на струја и во месец октомври потрошила 474 проценти повеќе струја отколку истиот месец лани. Освен Арачиново и општините Лозово и Студеничани потрошиле за 12 односно 11 проценти повеќе струја за разлика од лани. Ова го покажуваат податоците кои денеска ги објави министерот за економија Крешник Бектеши колку министерствата, институциите и општините ги почитуваат препораките на Владата.

    Според анализата, остварена е вкупна заштеда од 24% на потрошувачката на електрична енергија. Согласно податоците на Електродистрибуција за заштедата на електрична енергија административните згради на Претседател, Собранието, Владата, министерства, АД ЕСМ, АД МЕПСО имаат остварено намалена потрошувачка на електрична енергија во просек од 29%, што е повеќе споредено со вкупната заштеда од 20% остварена во септември. Сите институции во октомври имаат најмалку 15% намалена потрошувачка на електрична енергија што е согласно препораките и задолженијата кои ги донесе Владата. Најмала заштеда има кај Министерството за здравство од 18%, а најголема заштеда има зградата на Министерство за образование до 58%.

    Министерството за образование има постигнато најмала заштеда на електрична енергија од 24%, а најголема заштеда има постигнато Министерството за животна средина од 94%. Заштедата на електрична енергија кај Министерство за информатичко општество изнесува 50%, кај Министерство за локална самоуправа 58%, во Министерство за транспорт и врски и Министерство за финансии заштедата изнесува 44%, кај Министерството за труд и социјална политика 40%, Министерството за економија заштедило 30% електрична енергија, исто толкава е заштедата на Министерството за внатрешни работи“, рече Бектеши.

    Во анализата на потрошувачката на електрична енергија за месец октомври 2021 година споредено со истиот месец во 2022 година се опфатени вкупно 19 јавни претпријатија во државна сопственост со сите подрачни единици, каде вкупната заштеда изнесува 17%.

    Податоците за заштеда на електрична енергија кај општините кои исто имаа препорака да штедат, покажуваат дека од 81 општина, 65 општини постигнале заштеда од најмалку 15%, од кои 12 општини постигнале заштеда поголема од 50%. Вкупно 16 општини не постигнале заштеда од 15%, од кои само три имаат поголема потрошувачка во октомври 2022 година, споредено со октомври 2021, а останатите 13 општини имаат намалена потрошувачка, но не постигнале заштеда од 15%. Поголема потрошувачка имаат општините Арачиново 474 %, Лозово 12% и Студеничани 11%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира