ПАК ПРОПАДНА КАМИОН ВО ФОНТАНАТА НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА

    ПАК ПРОПАДНА КАМИОН ВО ФОНТАНАТА НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈАКамионот пропадна во површинската фонтана направена во времето на Коце Трајановски и чини 2,5 милиони евра. (Фото: К. Попов)

    Утрово пак пропадна камион во фонтаната на Плоштад Македонија во Скопје. Камионот е пропаднат во површинската фонтана направена во времето на Коце Трајановски и чини 2,5 милиони евра.

    Ова не е првпат да пропаѓаат возила во фонтаната. Пред два месеца пропадна камион кој носеше опрема за „Пиволенд“ што го организираше Град Скопје. Лани во март пропадна камион за чистење на плочникот на ЈП „Комунална хигиена“. После тоа, плочникот на фонтаната со месеци стоеше отворен и заграден со лента за да не минуваат пешаци. Во 2017 пропадна камион додека се подготвуваше пречек на ракометарите на Вардар по освоената шампионска титула.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира