НЕМАВ ДОВОЛНО МОЌ И ВЛИЈАНИЕ ДА ГО СПРЕЧАМ ПУТИН, ВЕЛИ МЕРКЕЛ

    НЕМАВ ДОВОЛНО МОЌ И ВЛИЈАНИЕ ДА ГО СПРЕЧАМ ПУТИН, ВЕЛИ МЕРКЕЛМеркел последен пат ја посети Москва во август 2021 (Фото: Гети)

    Ангела Меркел ја бранеше својата политика кон Русија во пресрет на инвазијата на Украина во февруари, велејќи дека веќе немала доволно влијание кај Владимир Путин.

    Во интервјуто за магазинот „Шпигел“, Меркел кажа дека во лето 2021 се обидела да започне европски разговори со Путин и Емануел Макрон.

    Но, немав доволно моќ и авторитет за да го истуркам тоа. Сите веќе знаеја дека наесен ќе заминам“, вели Меркел, чиј четврти канцеларски мандат заврши во декември минатата година.

    Таа последен пат ја посети Москва во август 2021, но кажа дека чувството веќе беше јасно.

    Во поглед на политичката моќ, јас бев готова. Она што беше значајно, Путин дојде на средбата со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, а дотогаш, секогаш се среќававме еден на еден“.

    Многумина се согласуваат дека Меркел и други европски лидери требало да имаат поцврст став кон Кремљ во пресрет на инвазијата на Украина. Меркел смета дека нејзиниот став во преговорите за договорите од Минск ѝ помогнале на Украина подобро да се брани против руската војска. Примирјето во Минск беше договорено во 2014 откако Русија веќе го анектираше Крим, но клучни точки, како разоружување и меѓународна супервизија, никогаш не беа спроведени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира